септември 19, 2024

Преземено од Агротим.мк

Министерот Љупчо Николовски информираше дека откупот на тутунот заврши во рекордно време и по рекордна откупна цена од 290 денари по килограм.

„Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем во откупниот процес, а тутунарите ги поминаа новогодишните и божиќните празници со полни сметки.

Просечната откупна цена на тутунот достигна рекордни 290 денари по килограм, што претставува зголемување од 45% во споредба со минатата година, кога беше 200 денари по килограм.

Кога на оваа откупна цена, ќе се додаде и субвенцијата од 80 денари по килограм која ја доделува Владата, тутунарите ја завршија сезоната со заслужена заработка од 370 по килограм тутун.

Честитки за сите тутунари за оваа успешна реколта, нека секоја наредна година биде уште поуспешна.“, рече Николовски.

The post Николовски: Откупот на тутунот заврши во рекордно време без ниту еден регистриран проблем во откупниот процес appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK