Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави локалната новинска агенција Анса.
Денаро се смета за шеф на сицилијанската Ла Коза Ностра. Тој е во бегство од 1993 година. Беше уапсен од италијанските карабинери во приватна клиника во Палермо. Долго време трагаше италијанската полиција, а освен Италија, него го бараа и десетици други држави а беше распишана и меѓународна потерница.
Ѓорѓа Мелони зборуваше за апсењето на Денаро:
-,,Голема победа за државата која покажува дека не и’ се предава на мафијата. По годишнината од апсењето на Тото Рина, пред лицето на правдата е изведен уште еден шеф на организираниот криминал, Матео Месина Денаро” – изјави Мелони.
Следете не, не има насекаде