септември 20, 2024
„Северна Македонија како земја претседавач со ОБСЕ ќе се залага да најде начин повторно да ја врати Организацијата во Украина“, порача денеска министерот за надворешни работи и претседавач на ОБСЕ, Бујар Османи, кој во рамки на денешната посета на Украина го посети Бородјанка во киевската област, кој е силно погоден од воените дејствија.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Османи истакна дека комуникацијата со Русија ќе зависи од тоа како ќе се постави во однос принципите и заложбите на Организацијата, за што, како што кажа, тој како претседавач на ОБСЕ нема да дозволи никакви компромиси, јави известувачот на МИА од Киев.

„Пустошот предизвикан од воената агресија врз Укрина длабоко ме потресува. Уништувањето на виталната инфраструктура и страдањето на украинскиот народ мора да запре. Потребна е итна акција за да се стави крај на ова безумие и да се обезбеди помош за оние на кои им е потребна. Мораме да работиме да престане страдањето, а потоа да ги обновиме овие уништени области“, истакна Османи.

Тој на почетокот од посетата на Бородјанка изрази жалење за сите невини жртви и илјадниците Украинци кои мораа да ги напуштат своите домови за да ги избегнат разорувачките последици од руската воена агресија.

„Сите ние кои даваме поддршка на Украина сме на вистинската страна на историјата, на вистинската страна на хуманоста, на почитувањето на правото на живот“, истакна Османи за време на теренската посета, која се одвиваше меѓу урнатини, уништени стамбени згради и институции.

Тој истакна дека во вооружените дејствија од страна на Русија, разурнати се училишта, болници и друга државна инфраструктура, која за жал и понатаму се оштетува или уништува.

Притоа, Османи го осуди нападот на станбена зграда во Дњепар, во кој пред два дена загинаа повеќе од 40 лица, и имаше над 70 ранети.

„Не постои оправдување ако континуирано се гранатираат цивилни цели. Ништо не може да оправда убивање цивили, попречување на транспорт на вода и храна, отежнување на работата на хуманитарните конвои. Ништо не може да оправда кога деца и бремени жени се оставени без греење, со недоволно храна, оцени Османи.

Претседавачот на ОБСЕ порача дека неиспровоцирана агресија е кршење на меѓународното право, потенцијална закана за регионот, но и извор на страв и несигурност за цел свет. Додаде дека Организацијата ќе ги искористи сите механизми и алатки да помогне во напорите да се стави крај на тоа страдање и уништување.

Посетата на Османи на Киев е во рамките на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето – состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија. „За луѓето се работи!“, наведуваат од МНР.

Во рамките на посетата на Украина предвидени се низа средби со високи претставници на државната власт на Украина.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK