мај 6, 2026

Украинските власти соопштија дека е зголемен бројот на жртвите во страшниот руски напад врз станбена зграда во Днепар.

Според последните податоци загинале најмалку 30 лица, меѓу кои и 15 годишно девојче. Уште 83 лица се ранети, а 30 од нив се хоспитализирани. 12 од нив се во критична состојба.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното обраќање рече дека Украина ќе се бори за да го заштити секој Украинец.

– ,,Спасувањето ќе продолжи сè додека има и најмала шанса да се спасат животи” – рече Зеленски, а потоа им испрати порака на Русите.

– ,,Би сакал да им се обратам на сите во Русија кои сè уште немаат зборови да го осудат овој терор, иако сè јасно гледаат и разбираат. Вашиот кукавички молк ќе заврши само кога овие терористи ќе ве нападнат вам еден ден” – рече украинскиот претседател.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK