октомври 5, 2024

Кармел, град на море во Калифорнија, се смета за еден од најубавите во Америка. Основан е во 1771 година како дел од мисијата за ширење на христијанството, а на почетокот на 20 век стана еден од најважните центри за уметниците од САД. Овој град изгледа како да е нацртан во книгите со најубавите бајки, велат оние што го посетиле.

Кармел е еден вид микрокосмос во кој живеат околу 3.800 луѓе, а животот се заснова на вредностите на таканаречениот калифорниски сон, односно независност, креативност и неуморен слободен дух.

Градоначалник на Кармел во 80-тите беше и Клинт Иствуд. Иако долго време не е градски лидер, често доаѓа во градот за кој вели дека му е омилен, и свири на клавир во барот „Мишн ранч“. Голем придонес за овој град дала и глумицата Дорис Деј, која се погрижила за привилегираниот статус на кучињата кои се добредојдени во речиси сите објекти во градот.

За да избегне масовна урбанизација и да остане мал, жителите усвоиле некои неконвенционални закони. Па, градот има ограничено улично осветлување за да не биде премногу гламурозен, нема високи згради и нема броеви на куќите. За да може полесно да се движат во текот на ноќта, локалните жители со себе носат батериски ламби. Како што нема адреси, така и во Кармел нема синџири на ресторани за брза храна, но има кетеринг понуда која се базира на разновидна интернационална кујна, локална храна и вино.

Сепак, едно од најчудните правила е забраната да се носат штикли повисоки од 5 сантиметри. Ова дошло откако градските власти забраниле сечење на дрвјата, па корените на големите чемпреси го кревале тротоарот, а нерамните патеки и улици станувале проблематични за жените кои сакале да носат штикли. За да избегнат тужби од жени кои се повредиле носејќи високи потпетици, Кармел забранил одење на штикли.

The post Кармел во Калифорнија е град како во бајките: Клинт Иствуд беше градоначалник, куќите се без броеви, високите штикли се забранети appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK