октомври 5, 2024

Зоран Милановиќ, претседателот на Хрватска, во разговор со новинарите во Вуковар повторно изнесе низа негативни тези за Соединетите Американски Држави и НАТО.

Тој ги обвини САД и НАТО дека водат војна против Русија. Милановиќ, коментирајќи го интервјуто на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој зборуваше за обуката на украинските војници, рече дека Хрватска не треба да да го прави тоа што и го наметнуваат големите сили.

– ,,Вашингтон и НАТО водат прокси војна против Русија преку Украина. Меѓутоа, ако немате крајна цел, тогаш таа завршува како во Авганистан: – рече меѓу другото Милановиќ.

Тој рече дека Хрватска не смее да биде американски роб и не може да учествува во планот за смена на рускиот претседател Владимир Путин.

– ,,Не треба да воведуваме санкции. Тоа е глупост. Нема да постигнеме ништо со тоа. Не го скршија ниту Милошевиќ со санкции. Одат од војна во војна. Што да бидеме, американски робови?” – праша Милановиќ

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK