октомври 5, 2024

По 30 години потера, приказни за појави и исчезнувања, разни убиства на деца и луѓе кои го попречувале неговиот животен пат, Матео Месина Денаро е уапсен.

Тој беше наречен и „Последниот кум“ на сицилијанската мафија.

За неговите активности се знаеше многу, но за него многу малку.

Шефот на сицилијанската мафија Матео Месина Денаро е уапсен утрово во приватна болница во Палермо, каде што бил на онколошки преглед.

Криминалецот, 60-годишен маж, кого некои го нарекуваат ,,Последниот кум” на сицилијанската мафија, италијанската полиција го фати по 30 години потера. Тој е во бегство од 1993 година, кога тогашниот „газда на газдите“ Салваторе „Тото“ Риина беше уапсен во екот на терористичките напади на Коза Ностра врз италијански институции и цивили во кои и самиот учествуваше.

По смртта на двајца истакнати членови на сицилијанската мафија, Бернардо Провенцано и Салваторе Риина, во 2016 и 2017 година, тој се сметаше за врховен мафијашки бос на најјужниот регион на Италија.

,,Дијаболик” или „Лу Сику“ (Сува), како што го нарекувале, е роден во 1962 година во Кастелветрано, град со околу 30 илјади жители на западниот дел на островот.

Полицијата го барала низ целиот свет, а го пронашла во соседна провинција.

Таткото на Денаро исто така бил член на регионалната мафија, со која учествувал во убиства уште од детството. Со текот на времето, тој прерасна во газда кој изгради криминална империја од повеќе милијарди евра со досег до отстранување на отпадот и производство на обновлива енергија.

Во 1993 година, тој помогна во организирањето на киднапирањето на 12-годишното момче Џузепе Ди Матео, кое било сведок на кроминалните дејствија на мафијата.

Несреќното момче било измачувано и било убиено после две години. Неговото тело било фрлено во туршија.

Тој убивал и жени односно тој немал милост кон никој.

Тој уште во 2002 година беше обвинет и осуден на доживотен затвор за убиство на повеќе лица кои лично ги имаше извршено или нарачано.

Тој ја има убиено и неговата девојка која била една од малкуте луѓе кои знаеле за многу злосторства на сицилијанската мафија. Тука се вбројуваат и убиствата на Џовани Фалконо и Паоло Борселино во бомбашки напади – двајца италијански функционери истакнати по нивната работа против мафијата.

За човекот кој за себе рече: „Сам целосно ги наполнив гробиштата“, во текот на 30-годишната потрага, често можеше да се слушне дека е забележан овде или таму, секој пат во различен агол на земјата, и доста често, со оглед на немањето нови фотографии, приведени се погрешни лица поради сомнение дека станува збор за Денаро.

Во една прилика, 54-годишен маж бил приведен во Ливерпул среде ресторан мислејќи дека станува збор за Денаро.

Имаше и тврдења од полициски извори за целосна промена на изгледот со пластични операции и отстранување на отпечатоци од прсти.

Во последниве години, и покрај мрежата што го штитеше од апсење, тој стануваше сè поизолиран бидејќи полицијата откриваше сè повеќе бизниси со кои управуваше, a беа апсени и неговите соработници и членовите на семејството (братучеди, внуци и сестра).

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK