Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба, објавувајќи серија фотографии на Инстаграм. 33-годишната ѕвезда од филнот „Captain America: Brave New World“, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата навечер, направени на галата „Baby2Baby“ што се одржа претходната вечер.
Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата навечер, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите брзо се појавија на социјалните мрежи, потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата низ Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда.
“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментираше со емотикони во облик на срце.
Џесика, исто така, сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby Гала – толку сум горда на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни залихи за над милион деца во нужда низ целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин
The post Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
