април 24, 2026

Опасност на ул.Пролет во Центар на раскрсницата кај Феријален Дом, алармира скопјанец.

Тој сподели фотографии во фејсбук групата „Стари скопјани“ на кои се гледа дека има голема дупка среде улицата.

– Веќе подолг период има голема ударна дупка и извадени бекатон коцки кои се расфрални наоколу и е голема опасност некое возило да ги отфрли кон пешаците и останати учесници во сообраќајот. Овој проблем е веќе децениски уште откако се направија оваа и подолу раскрсницата кај ОУ 11-ти Октомври со вакви коцки, предупредува овој граѓанин.

Според него, најдобро би било да се извадат целосно коцките и да се асфалтира овој потег бидејќи, како што вели, досега многупати е санирано, но за жал безуспешно и повторно е опасно.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK