октомври 5, 2024

Во 2018 година Путин го најави т.н. Посејдон. Тој го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје со сопствен извор на нуклеарна енергија.

Воените вежби на руско-белоруските воздухопловни сили започнаа во понеделникот во Белорусија, сојузникот на Русија, во екот на руската офанзива против Украина, објави официјален Минск и тврди дека вежбите се од „одбранбен“ карактер.

Воените вежби се одржуваат додека Москва се обидува да го вклучи Минск во својата воена операција против Украина, велат некои набљудувачи, а Белорусија веќе служеше како позадина за руските сили кога ја започнаа нивната инвазија во 2022 година.

„Од 16 јануари до 1 февруари 2023 година на белоруска територија ќе се одржат тактички воени вежби на воздухопловните сили на Белорусија и Русија“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.

На овие воени вежби ќе учествуваат сите аеродроми и сите полигони за обука на воздухопловните сили и воздушната одбрана на белоруската армија, се наведува во соопштението.

– „Главната цел на оваа вежба е зајакнување на оперативната компатибилност на двете армии” – додаваат од Министерството.

Основата на заедничките сили

Припадници на руските воздухопловни сили во последните денови пристигнуваат во Белорусија на воени вежби, соопшти Министерството, без да прецизира за колку луѓе станува збор.

Во октомври Минск најави формирање на заеднички сили со Русија, а потоа неколку илјади руски војници пристигнаа во соседна Белорусија.

Тоа распоредување ги зголеми стравувањата дека белоруската армија би можела да биде вклучена во офанзива против Украина. Руските војници извршија напади од белоруска територија кога ја започнаа својата агресија врз Украина во февруари 2022 година, но белоруската армија не учествуваше во борбите на украинска територија.

-,,Воените вежби се целосно одбранбени“, изјави во неделата Павел Муравејко, првиот заменик државен секретар на Советот за безбедност на Белорусија.

Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за супер торпедото Посејдон

Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за суперторпедата Посејдон што ќе бидат распоредени на нуклеарната подморница Белгород, јави во понеделникот весникот ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од одбраната.

-„Првите количини оружје за Посејдон се произведени и подморницата Белгород ќе ги добие во блиска иднина“, открил изворот за ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин го најави таканаречениот Посејдон во 2018 година. Тој го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје со сопствен извор на нуклеарна енергија.

Во говорот пред пет години, Путин рече дека опсегот на торпедото ќе биде неограничен и дека може да работи на екстремни длабочини со брзини многу пати поголеми од која било подморница или друго торпеда.

„Тие се многу тивки, имаат висока способност за маневрирање и практично се неуништливи за непријателот. Во денешниот свет не постои оружје што може да им се спротивстави“, рече Путин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK