април 24, 2026

Риалити ѕвездата Крис Џенер организираше раскошна забава по повод 70-тиот роденден за своите познати гости. Според TMZ, гостите во еден момент биле премногу гласни, што ги натерало соседите да повикаат полиција.

Јасно е дека сè што е поврзано со семејството Кардашијан-Џенер сигурно ќе биде скандал. Крис често е предмет на медиумско внимание поради нејзиниот младешки изглед и пластичните операции на кои се подложува, можеби премногу често.

Таа сподели фотографии од забавата на Инстаграм, а многу луѓе беа импресионирани од нејзините модни избори. Црвена, драматична тоалета со црни ракавици и уште помладо лице од пред еден месец – Крис Џенер влезе во својата осма деценија.

Поради бројните козметички процедури, некои велат дека таа е новата кралица на пластичната хирургија, откако успеа да ја симне од тронот познатата Донатела Версаче.

Бруно Марс пееше на роденденската забава, што беше една од причините за гласната музика што ја вознемируваше околината, објавија странските медиуми.

Меѓу гостите беа принцот Хари, кој дојде со Меган Маркл, потоа Мараја Кери, Марк Цукерберг, Парис Хилтон, Хејли Бибер, Адел и многу други.

фото: принтскрин

Share

The post (Фото) „Новата кралица на пластичната хирургија“ го прослави својот 70-ти роденден: Цела во црвено, направи спектакл appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK