Украинецот Михаило Мудрик вчера потпиша за Челси, кој за неговите услуги ќе плати вкупно 100 милиони евра, а претседателот на клубот Рихат Ахметов реши дел од парите да ѝ ги донира на украинската војска.
Ахметов од почетокот на руската инвазија во Украина ѝ помага на војската, а сега решил да донира 23 милиони евра од трансферот на Мудрик.
„Решив да почнам проект со кој ќе им помогнеме на војниците“, кажа Ахметов.