април 24, 2026

Сонот на Ким Кардашијан за адвокатска кариера останува на чекање. Реалити ѕвездата и бизнисменка откри дека повторно паднала на правосудниот испит, а во видео на „Тик-ток“ се пожали дека гатачите ѝ дале лажна надеж дека ќе успее.

„Само да знаете, сите тие гатачи со кои се гледавме – сите се полни со сра*а. Ми рекоа дека ќе го положам испитот, а сите се патолошки лажговци. Не им верувајте на ништо!“, рече Ким додека се подготвуваше за роденденот на мајка ѝ Крис Џенер.

Иако разочарана, Ким нагласи дека не се откажува и дека ќе продолжи со подготовките додека не го положи испитот. „Шест години сум на овој пат и нема да се предадам. Неуспехот не е пад – тоа е гориво“, напиша таа на Инстаграм.

Кардашијан (45) сака да тргне по стапките на својот покоен татко, адвокатот Роберт Кардашијан, кој беше дел од одбраната на О. Џ. Симпсон. Таа полагала во јули, по четиригодишен правен програм, и вели дека ќе остане посветена додека не ја добие својата адвокатска лиценца.

Share

The post Ким Кардашијан падна на правосудниот испит, гатачите ѝ биле лажговци appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK