октомври 5, 2024

– Претседателот на Шахтјор од Доњецк, Ринат Ахметов, најави денеска дека ќе подари 22 милиони фунти помош за Украина, по трансферот на фудбалерот на украинскиот клуб, Михајло Мудрик, во редовите на лондонски Челзи.

Англискиот клуб изминатиот викенд го донесе Мудрик од Шахтјор за сума од 89 милиони фунти, што е рекорден трансфер во историјата на украинскиот фудбал.

Ахметов во соопштение до јавноста наведе дека парите ќе бидат донирани за проектот „Срцето на Азовстал“ кој има за цел да им помогне на „бранителите на Мариупол и семејствата на загинатите војници“.

„Сакам да му се заблагодарам на целиот цивилизиран свет за помошта на Украина. Денес можеме да зборуваме за украинскиот фудбал благодарение на украинската војска, украинскиот народ и огромната поддршка од целиот цивилизиран свет“, посочи претседателот на украинскиот прволигаш Шахтјор.

Ахметов прецизираше дека парите од трансферот на 22-годишниот Мудрик ќе бидат наменети за лекување, психолошка поддршка и исполнување на конкретни потреби за да им се помогне на бранителите на Мариупол и семејствата на загинатите борци.

„Нивната храброст е неспоредлива во модерната историја“, порача Ахметов.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK