Инцидентот што се случи во саботата на Илиџа, кога беше нападната група белграѓани, е главна тема и на регионалните медиуми.
Физичкиот напад беше осуден од сите страни, а полицијата во рекордно време приведе десет лица кои се поврзани со овој напад.
За нападот објавија и српските медиуми. Весникот „Данас“ објави вест со наслов „Кој ги научи децата да викаат „убиј го Србинот?“, што е вистинското прашање што треба да се постави.
Други медиуми објавија наслови:
–„Фашистите ловат Срби, додека Европа молчи и гледа“;
-„Ужас, нападот во Сараево е резултат на антисрпска кампања“;
– „Српски деца беа линчувани“;
–„Со извиците „ убиј го Србинот во Илиџа, Белграѓани нападнати со ножеви“;
-„Србите ги напаѓаат каде и да живеат“…
Да потсетиме, како што претходно објавивме за овој инцидент уапсени се: Балтиќ Елдар, Алдин Тахировиќ, Демир Харис, Хоџиќ Енсар, Омерагиќ Белмин, Хаџиќ Армин, Бешиќ Елдар, Хасановиќ Бенјамин, Подруг Мерсид и Кукиќ Седин. .
Следете не, не има насекаде