октомври 5, 2024

Рускиот ММА борец Георги Гаглоев е пронајден мртов во возот од Москва за Владикавказ, јавуваат руските медиуми.

Руската новинска агенција „ТАСС“ од свои извори дознава дека се сомничи убиство и дека смртта била насилна. Се наведува и дека телото било откриено за време на застанувањето на возот во Ростов на Дон.

Гаглојев е родум од Осетија, а во текот на кариерата четири пати се борел во октагонот.

Последен пат се борел во март 2021 година на турнирот „Old Guard Fighters Club“, а „Спорт експрес“, исто така руски медиум, истакнува дека станува збор за борец кој некогаш бил шампион на Северна Осетија во борење, пред да се префрли на ММА.

Порталот „bloodyelbow.com“, специјализиран за ММА и УФЦ, потсети дека Гаглојев на почетокот на 2022 година имал голем проблем, поради што му се обратил на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Неговата баба исчезнала во февруари 2022 година, а се сомневале дека е киднапирана поради гатање, што е забрането во исламот.

Гаглоев потоа му се обратил на Кадиров за помош.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK