април 23, 2026

Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот ресторан „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект.

Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа, на терен излегоа комуналните екипи на Општината.

По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи. Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира секаде каде што сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK