април 23, 2026

Непознат сторител вчеравечер ги дупнал гумите на шест непрописно паркирани автомобили во новата населба Александрија, во општина Ѓорче Петров.

Жител на населбата утрово објави видео на социјалните мрежи на кое јасно се гледаат шест возила оставени среде улица, сите со спуштени гуми. Иако на локацијата веќе биле поставени метални и гумени столпчиња со цел да се спречи „дивото“ паркирање, дел од возачите успеале да ги заобиколат и да ги остават своите возила на коловозот.

Сопствениците на автомобилите, најверојатно, ќе бидат шокирани кога ќе ги затекнат нивните возила оставени „на бандаж“. Засега не е познато кој стои зад оштетувањето, ниту дали случајот е пријавен во полиција.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK