април 23, 2026

Во Општина Центар се одржа серија едукативни посети на ученици од повеќе општински училишта, во рамки на наставната тема локална самоуправа.

Градоначалникот Горан Герасимовски на четвртоoдделенците им ја доближи работата на општината и начинот на кој функционира локалната самоуправа, им објасни и како се донесуваат и реализираат одлуките што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.

Децата внимателно ја следеа презентацијата и со голем интерес поставуваа прашања за надлежностите и работата на општината.

„Ми беше чест да им ја доближам работата на Општина Центар на најмладите. Ваквите средби се важни затоа што го поттикнуваат нивниот интерес и свесност за тоа како функционира нашата заедница,” истакна Герасимовски.

Во рамки на посетата се реализираше и едукативната работилница „Нацртај го своето стебло”, во соработка со Сојузот на извидници како дел од проектот „Боренка”, со цел подигнување на свеста за значењето на зачувувањето на животната средина и обновата на опожарени подрачја.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK