април 22, 2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Д.Л. (62) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторување на кривичното дело „несовесно работење во службата“.

Според пријавата, осомничениот, кој работел како референт за превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – подружница Свети Николе, постапувајќи по барања од две лица за обезбедување шумски сортименти, дозволил тие бесправно да исечат и натоварат значително поголема количина дабово дрво од законски одобрената.

Со тоа, лицата се стекнале со противправна имотна корист, а настанета е и штета врз шумското богатство. Случајот е расчистен и против пријавениот е поднесена соодветна кривична пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK