На 27 ноември во Јавна соба ќе се одржи Стенд ап комично шоу со Срѓан Слијепчевиќ.
Познат по својот препознатлив хумор и приказни од секојдневниот живот со кои секој може да се поврзе, Срѓан носи шоу кое ќе ве насмее од првата до последната минута.
Ќе има актуелни теми, машко-женски врски, брак и сите оние ситуации кои ве потсетуваат дека животот понекогаш е поурнебесен отколку што мислиме.
Не ја пропуштајте можноста да го видите еден од најинтересните комичари во интимната атмосфера на Јавна соба.
Билетите во пред продажба се по цена од 400 денари, на денот на настанот цената изнесува 500 денари.
Шоуто е за публика +18год.
ПР
The post Стенд ап комично шоу со Срѓан Слијепчевиќ во Јавна соба appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
