Заменик директорот на национални шуми Кире Михаилов објави дека во Прилеп синоќа повторно имало дрвокрадци – камикази.
– Во Прилеп синоќа повторно дрвокрадци камикази и повторно намерно судар со службено возило на шумската полиција!
Две лица се приведени на лице место, по останати две кои се познати се трага, а двете возила и огревното дрво се одземени и предадени во ПШС „Црн Бор“ – Прилеп.
На местото доцна во ноќта извршила увид и фотографирање увидна екипа од МВР.
Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани со дрвокрадството.
Нема да отстапиме од оваа битка, не знам како повеќе треба да им објасниме на овие луѓе, објави Михаилов.
Следете не, не има насекаде
