Претседателот на Србија, Александар Вучиќ до четврток ќе престојува во Давос, Швајцарија, на годишниот состанок на Светскиот економски форум.
Вучиќ за време на тридневниот престој во Давос ќе присуствува на собирите на светските лидери, вклучително и на сесијата на тема „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Србија.
На веб-страницата на Форумот беше објавено дека Вучиќ во четврток ќе биде говорник на панелот „Проширување на европските хоризонти“, со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола и премиерите на Албанија и Ирска, Еди Рам и Лео Варадкар.
Вучиќ во Давос ќе има бројни билатерални средби со државни претставници и средби со претставници на меѓународни организации, финансиски институции и светски компании.
Годишниот состанок на Светскиот економски форум започна вчера и продолжува до 20 јануари.
Следете не, не има насекаде