октомври 5, 2024

Денеска истекува рокот за пријавување на вториот Јавен повик на Град Скопје за приватните автобуски превозници за линиите 9, 11 и 12. Од „Слобода превоз” и „Макекспрес превоз” за МИА влеат дека ниту еден возач од кај нив не се пријавил на повикот.

Сите очи од страна на приватните превозници „Слобода превоз” и „Макекспрес превоз” се вперени во премиерот Димитар Ковачевски, и чекаат средба.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз” за МИА вели дека, исто како што било случај со првиот оглас за линиите 20 и 22, ниту еден од нивните возачи не е пријавен ниту во вториот оглас овие линии.

– Ниту еден од возачите на „Слобода превоз” не се пријавил во новите повици на Град Скопје за приватни автобуски превозници. Сега чекаме средба со премиерот Димитар Ковачевски и се надеваме дека тоа ќе биде во најбрзо време, рече Муриќ.

И сопственикот на „Макекспрес превоз”, Милорад Димитријевски, за МИА вели дека според неговите сознанија ниту еден возач од нив не изразил интерес да се пријави во новиот оглас.

The post Истекува рокот на вториот Јавен повик на Град Скопје, ниту еден возач од „Слобода превоз” и „Макекспрес превоз” не се пријавил на повикот appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK