септември 19, 2024

Еден од најмоќните луѓе во медиумската индустрија, милијардерот, Руперт Мурдок (91) има нова девојка, шест месеци откако се разведе од некогашната манекенка Џери Хол. Мурдок е сликан на плажа на Барбадос со својата нова партнерка Ен-Лесли Смит (66). Таа е поранешен полициски капелан и вдовица на американската кантри-ѕвезда, Честер Смит.

Руперт и Ен-Лесли се запознале лани во ноември и брзо потоа почнале да се гледаат. Сето ова се случува шест месеци откако милијардерот преки смс-порака ѝ кажа на својата претходна жена, Џери Хол, дека се разведува од неа.

Ен-Лесли дипломирала 1980 година. Пред да се омажи за кантри-пејачот, кој поседувал и 13 телевизиски станици во Калифорнија и Орегон, таа била во принуден брак кој ја навел да го пронајде Бог и да стане полициски капелан во Калифорнија. Денес работи како водителка на локално радио и не крие колку ѝ значи верата во Бога.

„Кога почнав да одам во чекор со Бога, работите ми изгледаа бесмислени. Денес се многу појасни“, изјави Ен-Лесли пред неколку години за американската христијанска радиодифузна мрежа.

За потсетување, Мурдок зад себе има 4 брака. Тој беше оженет со поранешната стјуардеса Патриша Букер од 1956 до 1967 година и со новинарката Ана Торв од 1967 до 1998. Потоа беше во брак со претприемачката Венди Денг, 38 години помлада од него, но поднесе барање за развод во 2013 година. Последниот брак му е со Џери Хол, поранешната жена на Мик Џегер. Тој поднесе барање за развод лани во јули, а медиумите објавија дека нејзината навика за пушење цигари придонела за пропаѓање на бракот со милијардерот.

The post Милијардерот Руперт Мурдок на 91 година си фати нова девојка, па ја однесе на одмор на Барбадос appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK