септември 20, 2024
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 19.01.2023 (четврток), по повод верскиот празник Водици, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Така, во периодот од 08.00 часот, па до завршувањето на манифестацијата по повод верскиот празник Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски”, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев” до крстосницата со ул.„11 Октомври” во двете насоки.

Во општина Ѓорче Петров од 08.00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле”, бул.„Партизански одреди”, до ул.„Ѓорче Петров”, како и ул.„Ѓорче Петров” до ул.„Васил Чакаларов”. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон”, ул.„Козле”, дел од ул.„Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром од 10.00 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче.
Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде што ќе се одвива настанот со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

The post Утре сообраќен режим во Скопје поаади Водици appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK