септември 20, 2024

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изрази сочувство по повод хеликоптерската несреќа во која загинаа министерот за внатрешни работи на Украина, Денис Монастирски, неговиот заменик и државниот секретар.

-Во име на МВР го изразувам моето најискрено сочувство до народот на Украина, семејството, колегите и пријателите на мојот украински колега – министерот за внатрешни работи Денис Монастирски кој заедно со водството на министерството го загуби својот живот во трагична хеликоптерска несреќа во близина на Киев, напиша Спасовски на Твитер.

Најмалку 16 лица загинаа утрово при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

-Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби. Како последица на авионската несреќа загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца. Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националната полиција на Украина, Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

The post Сочувство од Спасовски по повод хеликоптерската несреќа во која загина украинскиот министер за внатрешни работи appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK