Украинскиот министер Денис Монастирски и неговите соработници, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во регионот на Киев, беа на пат кон линијата на фронтот.
Ова го изјави заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко, нагласувајќи дека целиот врв на украинското МВР бил на пат кон „жешката точка“ на фронтот кога неговиот хеликоптер се урнал, пренесува Би-Би-Си.
Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски загина во хеликоптерска несреќа во близина на Киев, соопшти локалната полиција.
Авионот паднал во локална градинка , според досегашните информации , загинале 18 лица . Меѓу нив има три деца, додека 22 лица во моментов се на болничко лекување.
Во хеликоптерот што се урна имало девет лица, меѓу кои Монастирски, неговиот заменик Евген Јењих и државниот секретар Јуриј Лубковиќ. Целиот врв на украинското Министерство за полиција е убиен во близина на Киев.
По падот, во близина на градинката избувнал пожар, а децата и вработените биле исфрлени од зградата. Остатоците од хеликоптерот беа видливи пред запалената зграда.
Следете не, не има насекаде