април 23, 2026

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во 85-та минута доби црвен картон. Му следува суспензија, ќто значи дека нема да биде на клупата за една недела, кога Реал и Бенфика ќе го одиграат реваншот. Првиот меч, вчера во Лисабон,з аврпи со победа 1:0 на Реал.

Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.

По натпреварот, тој откри што му рекол на судијата:

„Добив црвен картон затоа што кажав нешто што беше многу јасно. Судијата имаше хартија на која пишуваше „Чуамени, Карерас и Хаусен не смеат да добијат жолт картон“. Само му го кажав тоа. Сите знаеме како стојат работите.“

Foto/ EPA

Share

The post Мурињо: Судијата имаше запишано кој играч на Реал не смее да добие жолт картон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK