април 23, 2026

Олимписката шампионка Кели Хоџкинсон (Велика Британија) го сруши светскиот рекорд во сала на 800 метри за речиси една секунда. На трката во Лувен, ранција, таа постави време 1:54,87 минути.

Британката го сруши светскиот рекорд стар 24 години (1:55,82), поставен од Словенката Јоланда Чеплак на Европското првенство во сала во Виена на 3 март 2002 година – денот кога се роди Хоџкинсон.

„Беше навистина забавно, со нетрпение го очекував тоа“, изјави Хоџкинсон пред публиката, пред да седне на златниот трон.

Олимписката шампионка наговести напад на светскиот рекорд откако постигна време од 1:56,33 (трето најбрзо во историјата на сала) на своето деби сезонава на Британското првенство во сала во Бирмингем во саботата.

Следната голема цел на Кели Хоџкинсон ќе биде Светското првенство во сала во Торун, Полска, во март.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Хоџкинсон урна рекорд стар 24 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK