април 23, 2026

Фудбалерите на Црвена Звезда го шокираа Лил во Франција во првиот натпревар од плејофот за место во осминафиналето, во Лига Европа.

Српскиот тим победи со 0:1, а единствениот стрелец на натпреварот беше Тебо Учена во првата минута од судиското продолжение во првото полувреме.

Домашните навивачи не го криеја своето незадоволство.

Кога нивните фудбалери отидоа да ги поздрават по последниот свиреж на судијата, реакцијата беше жестока.

Тие запалија факели и ги фрлија на теренот во знак на протест, во правец на фудбалерите. Побараа и оставка од тренерот Бруно Женесио.

Фудбалерите на францускиот клуб се повлекоа за да избегнат евентуални повреди.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Навивачите на Лил фрлаа факели кон своите играчи по поразот од Звезда appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK