април 23, 2026

Фудбалерите на Арсенал убедливо го добија дербито на северен Лондон против Тотенхем 4:1.

Како гости, „Топџиите“ го надиграа својот голем ривал во натпреварот од 27-то коло од Премиер лигата. На клупата на Тотенхем дебитираше новиот тренер Игор Тудор.

Еберечи Езе и Виктор Ѓокереш постигнаа по два гола и со тоа го режираа убедливиот триумф на тимот на Микел Артета.

Арсенал славеше по два последователни нерешени резултати, тие се први на табелата со 61 бод, пет повеќе од Манчестер Сити, кој одигра еден натпревар помалку.

Тотенхем продолжува со ужасни резултати, нема победа на последните осум натпревари и моментално е 16-ти со 29 бода.

Езе прв постигна гол во 32-та минута, Спарс израмнија само две минути подоцна преку Рандал Коло Муани.

Продолжението на средбата им припадна целосно на „топџиите“.Ѓокереш донесе нова предност во 47-та минута, Езе повторно беше прецизен во 61-та минута, а Швеѓанецот стави тошка на натпреварот во четвртата минута од судиското продолжение.

Арсенал има уште едно градско дерби пред себе, со Челзи на „Емирати“, исто како и Тотенхем, кој ќе гостува кај Фулам.

Foto/ EPA

Share

The post (Видео) Арсенал лесно со Тотенхем во дербито на северен Лондон appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK