април 23, 2026

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави осумчасовна блокада пред влезот на Титан Усје на 27 февруари (петок), под слоганот „Блокада фест“.

Според организаторите блокадата ќе започне во 15 часот и ќе трае се до 23.00 часот.

Од иницијативата порачуваат дека настанот нема да биде само блокада, туку, како што наведуваат, „гласен, жив и солидарен отпор“. Тие најавуваат и дополнителна програма и учество на изведувачи, чии имиња ќе бидат соопштени во наредниот период.

Активистите повторно ги истакнуваат своите барања за дислокација на цементарницата, како и поставување мерни станици чии податоци ќе бидат јавно достапни и следливи во реално време. Според нив, граѓаните имаат право на целосна транспарентност во однос на квалитетот на воздухот и влијанието на индустриските капацитети.

Од друга страна, од „Титан Усје“, повикувајќи се на независни студии и хемиски анализи, тврдат дека индустријата има значително помало влијание врз загадувањето на воздухот во споредба со загревањето на домовите, сообраќајот, градежните активности и палењето на отворено. Компанијата бара еднаков третман за сите субјекти и оценување на нејзината работа врз основа на стручни параметри и законски прописи, а не, како што наведуваат, врз лични и паушални ставови.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK