Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. Според пријавата, тие меѓусебно се знаеле. Мајката на нападнатиот го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Нападот според пријавата се случил околу 14:45 во Карпош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

