април 23, 2026

Градоначалникот Дејан Митески денеска потпиша меморандум за соработка меѓу Општина Аеродром и Здружението „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“, со што се овозможуваат индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни тешкотии и деца со попреченост.

Со ова, децата од Аеродром добиваат бесплатен пристап до стручна логопедска поддршка, рано препознавање на развојните предизвици и навремена интервенција — важен чекор за нивниот правилен развој, сигурност и самодоверба.

Услугата ќе биде бесплатна за лицата што ќе добијат соодветна препорака од Центарот за социјална работа на Град Скопје, а корисници ќе можат да бидат лица со валидна документација согласно со Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ).

Обезбедуваме и поддршка за родителите преку советување и насоки, со цел секое семејство полесно да стигне до потребната стручна помош без дополнителни финансиски оптоварувања.

Продолжуваме посветено да вложуваме во најмладите и да градиме општина во која секое дете ќе има шанса да расте, да се развива и да го достигне својот целосен потенцијал.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK