септември 20, 2024

На вториот ден на состанокот ќе се разговара за Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), состојбата на терен во Косово и безбедносната средина, работите во рамки на Мисијата на НАТО во Ирак, како и за Украина.

Началниците на генералштабовите на армиите на земјите члени на НАТО се состанаа во седиштето на Алијансата во Брисел со цел да разговараат за воени прашања на НАТО, пред сѐ за војната во Украина.

Состанокот ќе трае два дена, а на првиот ден ќе се разговара за различни теми, како што се зголемување на капацитетите и можностите на Алијансата и зајакнување на одбраната и одвраќањето, дигитална трансформација, оценување на нивото на подготвеност на силите на НАТО, воени резерви и логистика.

Меѓу другото, на вториот ден на состанокот ќе се разговара за Мировните сили на НАТО во Косово (КФОР), состојбата на терен во Косово и безбедносната средина, работите во рамки на Мисијата на НАТО во Ирак, како и за Украина.

На последната сесија од состанокот, началниците на генералштабовите ќе разговараат за прашањето на Украина и за поддршката на НАТО за Украина која војува против Русија.

Началникот на Генералштабот на Украинската армија, Валериј Залужни, на состанокот ќе учествува преку видеоконференција, на која ќе информира за последната состојба на терен.

На состанокот, покрај началниците на генералштабовите на 30 земји членки на НАТО, учествуваат и началниците на генералштабовите на Шведска и Финска кои се во својство на земји кои се поканети во НАТО.

На состанокот под водство на претседателот на Воениот комитет на НАТО, Роб Бауер, Туркије е претставена од началникот на Генералштабот на Турската армија, Јашар Ѓулер.

TRT Balkan Macedonia / агенции

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK