април 20, 2026

Запалена сува трева предизвика пожар во дел од магацин на компанија, која произведува раноградински производи во близина на село Таринци во Општина Карбинци. Причинета е материјална штета.

-Во пожарот зафатени се сува трева и помошен дел од магацинот, каде што чуваат стари работи, како гајби и неупотребливи црева. Во 14.20 е локализиран, а вршиме и догаснување. На лице место се две противпожарни возила. Материјална штета има. Пожарот е настанат од сува трева, по што го зафатил објектот-изјави за МИА, командирот од Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов.

Според Ренџов и лани имало пожар околу овој објект.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK