април 20, 2026

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор – Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи – Југ, во соработка со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај – Неготино, вчера лишиле од слобода 24-годишно лице од скопското село Студеничани, осомничено за криумчарење мигранти.

Како што информираат од полицијата, претходно биле добиени сознанија дека лицето превезува мигранти на патниот правец Гевгелија – Демир Капија. Кога полициските службеници му дале знак за запирање во близина на клучка Неготино, возачот не застанал, по што биле преземени мерки и возилото било присилно запрено.

При пребарување на теренот, полицијата пронашла 10 лица – мигранти од Египет.

Мигрантите се пренесени и сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.

Против 24-годишниот возач е поднесена кривична пријава за кривично дело „криумчарење мигранти“, а судија на претходна постапка му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK