Лука Дончиќ ја повлече судската жалба против неговата мајка Мирјам Потербин
Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ најверојатно игра сезона во кариерата во НБА лигата за Далас Маверикс, а заедно со Никола Јокиќ е главен фаворит за МВП на шампионатот. Сепак, до неодамна тој водеше правна битка надвор од судницата, со неговата родена мајка Мирјам Потербин, која заврши со тоа што Лука ја повлече тужбата упатена до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД.
Потербин остана сопственик на брендот, словенечката кошаркарска ѕвезда сакаше да го регистрира својот бренд под името „Лука Дончиќ“, но регистрациската канцеларија одби бидејќи веќе постои бренд „Лука Дончиќ 7“, а неговата мајка не сакаше да го откаже тоа. После тоа ангажирал адвокати и започнал правна битка …
Словенецот во тужбата навел дека не се поврзува со тој бренд и дека не одобрува производите и услугите да се пласираат на пазарот под тоа име. Тој пред судот изјави дека бил премногу млад кога бил основан брендот и дека сака да заработи од своето име. Дончиќ пред една година потпиша петгодишен договор со Далас и има загарантирана заработка од астрономски 207 милиони евра.
Во тужбата истакнал дека бил премлад и не знаел што прави, но сега процесот конечно е завршен, таткото Саша не сакал да се меша во спорот меѓу мајката и синот.
Следете не, не има насекаде