Јошко Гвардиол веднаш влезе во ритам на тренинзи и ги воодушеви соиграчите, но пред се навивачите на социјалните мрежи.
Германските прволигаши се зафатени со подготовките за продолжението на Бундеслигата, подготовките се во завршна фаза, а за десетина дена на терен треба да биде и Јошко Гвардиол.
Хитот на Светското првенство во Катар се врати во клубот на почетокот на годината. Младиот хрватски стопер ги полуде европските гиганти кои многу го посакуваат, но изјави дека сака да остане во Лајпциг.
Лајпциг се подготвува за новата сезона во Абу Даби, а продолжението од Бундеслигата носи пресметка со Баерн.
Тренинзите се напорни, а Јошко Гвардиол веднаш влезе во ритам и ги воодушеви соиграчите, но пред се навивачите на социјалните мрежи.
Лајпциг на Инстаграм објави како изгледаат нозете на хрватскиот стопер. Навивачите не можат да поверуваат колку добро се дефинирани неговите мускули.
„Мила мајко, што е ова?
„Дали е можно, тој сигурно не ја напушта салата“
„Најдобриот стопер на светот, погледнете колку неверојатно изгледа“, се само дел од коментарите на фановите.
Следете не, не има насекаде