септември 20, 2024

Актерите Колин Фарел, Брендан Глисон, Џејми Ли Кертис и Мишел Фајфер објавија дека почувствувале симптоми на корона вирусот неколку дена по доделувањето на наградите Златен глобус.

За да се присуствуваше на доделувањето на наградите кои се одржаа во неделата на Здружението на телевизиски и филмски критичари им беше потребен негативен тест за ковид.

Неколку познати личности се огласија на социјалните мрежи и рекоа дека биле принудени да ја пропуштат церемонијата.

Мерките на претпазливост за ковид, како што се тестирање, вакцинација и носење маски, не беа координирани за време на оваа сезона на награди, пишува Холивуд Репортер.

Одредени церемонии не бараа безбедносни мерки, додека други, како што се Златните глобуси и наградите на Здружението на филмски и телевизиски критичари, бараа тестирање, доказ за вакцинација или и двете.

Во последните шест недели, бројот на заразени лица во Америка надмина 400.000, според Центарот за контрола на болести.

The post Мишел Фајфер, Џејми Ли Кертис и Колин Фарел заразени со ковид по доделувањето на Златен глобус appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK