септември 21, 2024

Фудбалерот од Холандија, кој играше и во Шпанија, не е виден од 6 јануари.

Поранешниот холандски фудбалер Марк ван ден Богарт (37) исчезна на 6 јануари и оттогаш му се губи секоја трага. Неговото семејство е крајно загрижено, како и фудбалската јавност во Холандија, а полицијата моментално е вклучена во потрагата по него . Неговите фотографии се споделуваат на интернет и се повикува секој кој има некаква информација за него да се јави бидејќи нема вести веќе 12 дена.

Поранешната сопруга на Марко откри дека поранешниот фудбалер боледува од депресија и има потреба од лекови: „ Многу сме загрижени за неговата психичка и физичка состојба. Тој боледува од депресија и мора да зема лекови секој ден “, изјави таа за холандските медиуми.

Ван дер Богарт ги помина сите младински категории на Феенорд, кој ја има една од најдобрите „школи“ во Холандија, пред да замине во Шпанија во 2005 година. Таму беше член на резервниот тим на Севиља, а во текот на кариерата настапуваше и за Мурсија, Дордрехт и НЕЦ од Најмеген, како и за неколку други нисколигаши.

Во холандската јавност инаку се шпекулира дека е можно Марк да е во Шпанија, бидејќи со себе го зел пасошот, но се уште ништо не е потврдено и ова се непроверени информации кои можат да ја одведат истрагата во погрешна насока.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK