април 20, 2026

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство.

Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство”, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.

Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно.

Оваа активност е дел од заложбите на Град Скопје за градење безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и за зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против семејното насилство.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK