април 20, 2026

Тибо Куртоа нема да може да им помогне на своите соиграчи во Реал Мадрид, во четвртфиналните натпревари од Лигата на шампионите против Баерн Минхен. Белгиецот ќе мора да паузира во следните шест недели поради повреда на квадрицепсот, објавува шпанскиот „Копе“.

Тибо Куртоа се повреди во вторникот, против Манчестер Сити. Бранеше во првото полувреме, не остана во соблекувалната во паузата меѓу двете полувремиња.

Тренерот Алваро Арбелоа, по натпреварот откри дека Куртоа побарал замена поради „неиздржлива болка“.

Куртоа ќе пропушти неколку важни натпреари на својот тим, првиот е веќе в недела, кога се игра дерби Мадрилењо. Ќе ги пропушти и натпреварите со Баерн Минехн на 7 и 15 април.

Кога станува збор за Примера, тој ќе ги пропушти дуелите со Мајорка, Џирона, Алавес и Бетис.

За да биде проблемот уште полош, Куртоа најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, доколку Реал го победи Баерн, кој ќе се игра на крајот на април.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Тибо Куртоа ќе отсуствува во наредните шест недели appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK