септември 21, 2024

Двајцата фудбалери Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали за краток период откако им беше дијагностициран рак починаа. Тие беа легенди на италијанскиот фудбал и Серија А. Иако боледуваа од различни видови на рак, смртта на Синиша Михајловиќ и Џанлука Вијали ја крена Италија на нозе. Се отворија некои теми кои со децении се премолчуваа. За употребата на недозволени супстанци, за тоа како фудбалерите биле принудувани да пијат непроверени апчиња и разни суплементи, пренесува Вечерни лист.

Затоа во Италија владее страв, затоа на Апенините се се погласни гласините дека Михајловиќ и Вијали се уште би можеле да бидат живи. Србинот имаше 53, а Италијанецот 58. Нивните болести можеби биле предизвикани од супстанците што ги земале додека биле фудбалери.

Тренерот Зденек Земан прв јавно проговори за допингот и употребата на недозволени супстанци. Чехот, кој својата кариера како тренер ја изгради во Италија, го обвини Јувентус за допинг играчи во 1998 година. По судењето, докторот на Јувентус Рикардо Агриколо беше осуден на 22 месеци затвор поради систематски допинг од 1994 до 1998 година.

„Треба да истражиме какви супстанци земавме тогаш. Треба да знаеме дали земањето разни супстанци од тој период ќе ни наштети со текот на времето. Се плашам. Секакви работи им се случуваат на многу играчи од таа ера. Потоа имаше допинг контрола, не можевме едноставно да преземеме ништо, но сега треба да истражиме дали супстанците што ги земавме тогаш останаа во нашите тела или излегоа“, изјавил за „Кориере дело Спорт“ Дино Баџо, поранешен играч на Јувентус, Парма, Лацио и отворено признал дека се плаши за својот живот.

Извор: Вечерни лист

The post Паника во Италија: Михајловиќ и Вијали починале затоа што биле принудени да земаат недозволени супстанци appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK