Меѓународната побарувачка за беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“ на Бајкар се зголеми откако беа користени во конфликти во Сирија, Либија и Азербејџан, а интересот дополнително скокна откако украинската војска ги употреби во борбата против руските сили.
„Со Министерството за одбрана на Кувајт е потпишан договор вреден 370 милиони долари за извоз на беспилотни летала ’Бајрактар ТБ2’“, соопштија претставници на „Бајрактар“ без да прецизираат за колку беспилотни летала станува збор и кога ќе бидат испорачани во Кувајт.
„Бајкар“ победи на тендерот, во конкуренција на повеќе компании од Америка, Европа и Кина, во процес што трае од 2019 година, се наведува во огласот. Се додава дека со Кувајт, бројот на земји кои потпишале договори за купување на беспилотни летала „Бајрактар“ е зголемен на 28.