Претходно денеска Сергеј Лавров изјави дека Западот води прокси војна со Русија преку Украина.
Белата куќа ја оцени како „навистина навредлива“ изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров , во која тој ги спореди САД и нивните постапки против Русија со акциите на Адолф Хитлер и неговите планови за истребување на Евреите во Европа.
Тоа е толку апсурдно што речиси и не вреди да се одговори, освен да се коментира за крајно навредливиот начин на кој тој се обиде да не претстави во контекст на Хитлер и холокаустот “, рече портпаролот на Белата куќа Џон Кирби, според Ројтерс.
Претходно денеска Сергеј Лавров изјави дека Западот води прокси војна со Русија преку Украина и дека нивната цел, меѓу другото, е конечното решение на руското прашање .
Тој посочи дека може да се воведат дејствија против Русија против секоја друга земја која ќе одбие да ги почитува американските наредби и додаде дека Европската унија ја изгубила својата независност во однос на НАТО .
Следете не, не има насекаде