Шефот на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимално обезбедување во централната провинција Л’Аквила.
Шефот на италијанската мафија, Матео Месина Денаро, кој беше уапсен во понеделникот по 30 години бегство, е префрлен во затвор со максимално обезбедување во централната провинција Л’Аквила, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што објави Италијанската државна новинска агенција АНСА, објектот е опремен за строгиот затворски режим познат како „41-бис“, на кој се подложени мафијашките осуденици.
Според италијанскиот закон, затворскиот режим „41-бис“ е резервиран за членовите на мафијата.
Во веста на АНСА се наведува дека поради болеста на Денаро, логичен е изборот на затворот што се наоѓа во близина на онколошкиот центар во Л’Аквила. Пред апсењето, 60-годишниот мафијашки шеф бил во клиника во Палермо каде што повеќе од една година се лекувал од рак.
Денаро е познат како шеф на сицилијанската мафија Коза ностра.
Тој беше осуден во отсуство на доживотен затвор за неговата улога во убиствата на антимафијашките обвинители Џовани Фалконе и Паоло Борселино во 1992 година.
Денаро се соочува и со доживотна казна затвор поради учество во бомбашките напади во Фиренца, Рим и Милано во 1993 година, во кои загинаа 10 лица.
Следете не, не има насекаде