април 19, 2026

Селекторот на Романија, Мирчеа Луческу, бил итно префрлен во болница откако на тренингот доживеал срцев удар, соопшти Фудбалската федерација на Романија (ФСР).

„Романската фудбалска федерација сака да ја информира јавноста и претставниците на медиумите за медицинскиот инцидент што се случи денес во тренинг кампот на романската репрезентација. За време на техничкиот состанок што му претходеше на последниот тренинг пред заминувањето во Словачка, тренерот Луческу се чувствуваше лошо“, се вели во соопштението на ФСР.

Се нагласува дека членовите на медицинскиот персонал на репрезентацијата веднаш презеле итни мерки, пружајќи му прва помош на лице место.

„Брзата интервенција на медицинскиот персонал овозможи брза стабилизација на тренерот. Во моментов, состојбата на тренерот е стабилна. Сепак, според важечките медицински протоколи и со цел да се отстрани секаков ризик, Луческу беше префрлен во болница за темелни истраги и специјализирано следење. Ќе се вратиме со дополнителни детали кога ќе се појават нови информации“, заклучува ФСР.

Во 2024 година, Луческу (80) се врати на функцијата селектор на Романија.

Во својата богата тренерска кариера, тој ги водеше Интер, Динамо Киев, Галатасарај, Бешикташ, Зенит и Шахтјор Донецк, меѓу другите клубови.

Foto/ Depositphotos

Share

The post Легендарниот Мирчеа Луческу итно хоспитализиран appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK