септември 21, 2024

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти, вчера околу 17 часот во Кисела Вода го лишиле од слобода К.Д. (39) поради обид за убиство. Тој на 15-ти овој месец, поради недоразбирање во сообраќајот на улица „Козле”, со остар предмет му нанел повреди на М.М. (54) од Скопје.

– На 18.01.2023 во 17:10 часот на подрачјето на Кисела Вода од полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти бил лишен од слобода К.Д.(39) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид”. Тој на 15.01.2023 во 02:26 часот, на ул.„Козле”, поради недоразбирање во сообраќајот, со остар предмет му нанел повреди на М.М.(54) од Скопје, информираат од Министерство за внатрешни работи.

Оттаму велат дека К.Д. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок

The post Приведен скопјанец осомничен за „убиство во обид” appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK